Од 2011 - Златен фонд и во Македонија!

Bez autora
Oct 31 2010

Домашните вложувачи од идната година ќе имаат можност да ги прошират своите вложувања во нови инвестиции кои главно ќе бидат во злато, бидејќи светските анализи покажуваат дека цената на овој благороден метал во континуитет расте. Златото е единствениот метал што ја задржа својата вредност последниве 700 години, а тоа, според експертите, е особено важно кога големите валути ја губат својата куповна моќ, а економската активност заради светската криза слабее. На светските берзи златото претставува осигурување на хартиите од вредност и берзанските индекси. И кај нас се разработува идејата за формирање на златен фонд (Илирика голд), но во моментов законската регулатива се уште не е прилагодена, а и македонските граѓани многу малку се информирани за овој вид вложувања.

Од 2011 - Златен фонд и во Македонија!Домашните вложувачи од идната година ќе имаат можност да ги прошират своите вложувања во нови инвестиции кои главно ќе бидат во злато, бидејќи светските анализи покажуваат дека цената на овој благороден метал во континуитет расте.

Златото е единствениот метал што ја задржа својата вредност последниве 700 години, а тоа, според експертите, е особено важно кога големите валути ја губат својата куповна моќ, а економската активност заради светската криза слабее. На светските берзи златото претставува осигурување на хартиите од вредност и берзанските индекси.

Александар Манев, извршен директор на "Илирика Фонд", вели дека и кај нас се разработува идејата за формирање на златен фонд (Илирика голд), но во моментов законската регулатива се уште не е прилагодена, а и македонските граѓани многу малку се информирани за овој вид вложувања.

- Во текот на летниот период спроведовме анкета преку која ги информиравме граѓаните дека во Загреб веќе е отворен инвестициски фонд во кој вложувањата се во злато - објаснува Манев и додава дека, за жал, многу мал бил одѕивот на анкетираните кои можеле да се јавуваат на бесплатен телефонски број, или на меил-адреса и да ги остават своите одговори на оваа тема.

Во "Илирика Фонд" укажуваат дека парите се повеќе ја губат вредноста, а нивната алтернатива секогаш било златото. Според нив, златото не се печати, количините се ограничени, а инвестициската логика е дека парите стануваат се помалку вредни, па според тоа, по автоматизам, расте цената на златото.

Во земјите од регионов, како што се Хрватска и Србија, од неодамна веќе се отворени вакви фондови, додека во Словенија и останатите европски земји веќе подолго време успешно егзистираат на пазарот на капитал. Ваквите фондови се во тесна врска со акциите и обврзниците, бидејќи како што објаснуваат експертите, вредноста на златото е стабилна и не осцилира во однос на другите пакети на инвестиции. Тие сметаат дека инвеститорите во овие несигурни времиња не се подготвени да ризикуваат и бараат сигурни гаранции.

Иван Ивин, претседател на Управниот одбор на "Илирика Инвестментс", укажа дека со отворањето на "Илирика голд", Хрватите имаат можност инвестициите да ги вложуваат во вредноста на златото, како и рудниците за злато, што е посигурна варијанта кога валутите осцилираат и светот излегува од светската криза.

- Фондот е наменет за оние кои и во услови на рецесија гледаат перспектива во инвестирањето и развојот на пазарот на капитал - изјавил Ивин за Слободна Далмација.

Во периодот од 1920 до 1980 година акциите на злато претставувале околу 25 проценти од вкупната глобална сопственост, а денес златните акции се едвај еден отсто од глобалната сопственост.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik